Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја скокнаа првата пречка во Купот на Македонија и славеа против Струга со 44-19.
Во полуфиналето од групата Г, битолчани со комбиниран состав немаа проблеми против стружани.
Одмор од тренерот Алушовски добија капитенот Кузмановски, Митревски, Тајник, Граховац…па поголема шанса за игра имаа Хекбарт, Хаџиќ, Петар Атанасијевиќ…
Во второто полуфинале од оваа група ќе се соочат Прилеп и Драчево Јуниор, а финалната битка е на програмата утре од 16:00 часот.

























