Еурофарм Пелистер ја прекина победничката серија на Вардар – битолчани во игра за првото место

Вардар повеќе не е единствен непоразен тим во домашното првенство, откако загуби со 23-28 (10-13) на гостувањето во Битола кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. По 15 кола, скопјани првпат мораа да заминат од теренот без освоен бодoви, а за Еурофарм Пелистер овој триумф е враќање на атмосферата, на мотивацијата и најважно од се, приближување до Вардар на табелата на само два бода. Сега Вардар има 30 бода, а Еурофарм Пелистер 28.

Во меч кој беше поважен за домаќините кои беа под притисок дека мораат да победат средбата во Битола беше полна со набој, и на терен и на трибините. Домашните го имаа голманот Саид Хеидарирад кои блескаше во моментите кога беше најпотребно, а мечот го заврши со двоцифрен број на одбрани.

Двата голмани Милош Валах и Саид Хеидарирад ја направија разликата за својот во тим во првото полувреме. Прво голманот на Вардар бранеше одлично во првите 15 минути од средбата сопирајќи два пенали на притивничките играчи, а потоа уште неколку топки со кои гостите поведоа со 7-4 во15 минута. Тогаш домашниот тренер Ѕвонко Шундовски мораше да бара тајмаут и да смени нешто во играта, но тоа не одеше така лесно.

Промената се случи дури после 20 минтат кога на голот на Еурофарм пелистер застана Саид Хеидарирад кој тргна „пантерски“ и за неколкуминути ги откажа напаѓачите на Вардар. Во серија фаќаше топки, му фати пенал и на Кавада во 26 минута при резултат 10-10. Се тоа се случуваше во периодот од 24 минута до 30 минута во првото полуврме. Тогаш Еурофарм Пелистер успеа да израмни (10-10 во 24 минута), а потоа и да поведе.


Бранеше Хеидарирад речиси се што можеше, па дури и оние топки кои противникот сакаше со „лоб“ да му ги испрати во мрежата.

Двата тима имаа свои „пет минути“ во првиот дел. Вардар во првите 15-тина минути, а домашните во последните пет минути навистина ги искористија тие „пет минути“.

Второто полувреме почна повтрно во знакот на домашните, кои поведоа со 14-11, а потоа и до највиоските дотогаш 19-14 во 42 минута. Повторно домашниот голман Хеидарирад имаше свои добри одбрани, а во нападот топките полесно влегуваа во мрежата на Вардар. На средината од второто полувреме битолчани дојдоа и до предност од 21-15, откако вардарци загубија топка, а беа со играч помалку и во празната мрежа топката ја упати Осама Хосни.

Шестката на домаќините се намали брзо на само четири гола предност, а потоа и на три гола, 21-18 во 49 минута. Вуко Борозан доби исклучување поради фаулот врз Осама Хосни, а потоа од пенал Радивојевиќ зголеми на 22-18. Со, таа предност на домашните се влезе во последните десет минути од средбата. Тој период донесе само сигурна игра на Еурофарм Пелистер и задржување на водството.

На теренот доминираа голманот Хеидарирад кој имаше 12 интервенции, скоро 50% успешност, Радивојевиќ даде девет гола со едно промашување, додека Кузмановски и Пешевски реализираа по шест. Кај Вардар, по пет пати погодија Горига и Митровиќ. Во следното коло шампионот гостува кај Охрид, додека Вардар го пречекува Радовиш.