Стручниот штаб на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде засилен со младиот стратег Алексо Лембанов.
Тој ќе му биде асистент на првиот тренер Бранко Ангеловски и заедно со тренерот на голмани, Ице Соколески, ќе го сочинуваат стручниот штаб на пелистерци.
„Во остварување на нашите цели потребен ни е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари. Затоа секојдневно напорно работиме за да се екипираме, како би ги оствариле зацртаните цели. Во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер приклучивме ново име.
26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија.
Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор“, се вели во соопштението на шампионот.
Лембанов го водеше составот на Пролет, а работеше и во Саудиска Арабија во Ал Сафа.