Еурофарм Пелистер го промовира новиот тренер – доаѓа Шпанецот Гарабаја!

Рубен Гарабаја Аренас е нов тренер на Еурофарм Пелистер за следнaта сезона, со опција за продолжување на уште една ако двете страни се согласни.

Трофејно шпанско име од играчките денови и млад стручњак со голем потенцијал денес доаѓа во Битола и утре првпат ќе прозива во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Гарабаја доаѓа од Асобал лигата, каде што работеше во тимот на Синфин Сантандер, но сега прифати поинаков предизвик и ќе го води македонскиот првак.

Шпанецот ќе ја продолжи мисијата на неговиот претходник Раул Алонсо во Битола и ќе го води битолскиот клуб во Лигата на шампионите и на домашната сцена.

Иако во комбинација за тренерската позиција беа многу имиња по заминувањето на Алонсо, од битолскиот клуб се решија одново за Шпанец.