Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте си заминува од Еурофарм Пелистер и кариерата ја продолжува во Фуксе Берлин.
Германскиот првак реагираше експресно по тешката повреда на Фабиан Вајде (скинати лигаменти) и договори ангажман на Цехте со обештетување, иако 33-годишниот бек беше под договор со битолскиот клуб.
Ова е враќање во Бундеслигата за Цехте, кој претходно четири сезони успешнo играше за Хановер.
Еурофарм Пелистер упати официјална благодарност до Цехте за придонесот во зелено-белиот дрес:
„Нејц Цехте како наш член освои две шампионски титули и еден Суперкуп на Македонија. Му посакуваме многу среќа во новиот клуб – голем професионалец и, пред сѐ, добар човек. Среќно, Нејц – Битола секогаш ќе те памети!“
Еурофарм Пелистер продолжува со обврските во домашното првенство и Европа, и во Лигата на шампионите.








