Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – Барса и европскиот првак доаѓаат во Битола!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени групите за новото издание на Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе биде дел од групата Б, а Битола трета сезона по ред ќе има можност да гледа елитен машки ракомет.

Пелистерци ќе играат против европскиот првак Магдебург, гигантите ПСЖ и Барса, како и против Висла Плоцк, ПИК Сегед, ГОГ Гудме и Загреб.

Новата сезона во најелитното европско клупско натпреварување ќе стартува на 10/11 септември.

Лига на шампиони, 2025/26, мажи:

група А: Веспрем, Нант, Алборг, Келце, Фуксе Берлин, Колстад, Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт

група Б: ПИК Сегед, ПСЖ, ГОГ Гудме, Висла Плоцк, Барса, Магдебург, Еурофарм Пелистер, Загреб