За титула се работи: Еурофарм Пелистер сам си ја крои судбината, Вардар чека кикс!

Денеска со четири натпревари, два во суперлигашкиот плеј-оф и два во суперлигашкиот плеј-аут, ќе се затвори натпреварувачката сезона во најквалитетното натпреварување во Македонија.

Двата меча што директно решаваат за титулата, Еурофарм Пелистер – Алкалоид и Бутел – Вардар ќе се играат во ист термин, од 18:00 часот. На актуелниот првак му одговара и реми за да може да ја сочува титулата.

Вардар пак мора да победи, но и да чека кикс на Еурофарм Пелистер, односно пораз пред домашните навивачи. Во случај на ист број бодови, тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде шампион, бидејќи има подобра меѓусебна гол разлика на дуелите со „црвено-црните“.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140

Голема возбудливост се очекува и во борбата за опстанок. Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 и Куманово обезбедија најмалку бараж, а две од трите екипи денеска ќе си обезбедат директен опстанок во елитата.

Прилеп пред својата публика ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, додека Куманово ќе гостува во Автокоманда кај Мулти Есенс. Двата последни натпревари од плеј-аут фазата се закажани во ист термин, од 16:00 часот, по што ќе се знае кои екипи остануваат, а кој тим ќе игра бараж со Радовиш.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142