Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Автокоманда е без капитенот Филип Кузмановски, кој нема да игра против домашните сини. Кај гостите го нема ниту Илија Абутовиќ кој се повреди на Куп финалето во Охрид викендов.
За Еурофарм Пелистер најважен е саботниот дуел кај Вардар, кој решава за титулата. Овој во Автокоманда за битолчани нема големо значење, но може да има за тимот на Лазаров кој има своја математика, и се надева дека може на крај да заврши и како второпласиран на крај од превнствто. Но, за таа комбинаторика ќе треба битолчани да загубат и во сабота во „Јане Сандански“
На средбата во Автокоманда, домашните „бркаат“ негатива од 2 голa, колку што загубија во Битола (28-30). Доколку победат со повеќе голови, ќе имаат предност, но во случај на ист број бодови, ќе решаваат меѓусебните дуели, гол разликата, вкупниот бој на постигнаи голови….
Во тимот предводен од Раул Алонсо го нема нити голманот Филип Ивиќ, и Египѓанецот Мамдух. Гостите се со 15 ракометари на терен.
Средбата во Автокоманда почнува во 19 часот.