Еурофарм Пелистер 2 триумфално против Прилеп, го презема врвот во битката за опстанок

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Прилеп со 31-22 во натпревар од седмата рунда на суперлигашкиот плеј-аут и го преземаа лидерското место по комплетирањето на првата половина.

Сега Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп имаат по 18 бодови на првите две позиции и се најблиску до осигурување на место во елитата за следната сезона, додека трет е Куманово со 17.

Избраниците на Михаил Петровски уште од стартот си го фатија редот и поведоа со 4-1. Во тие моменти гостите останаа без единствената опција на десната бековска позиција, Пеце Рајатовски, кој доби црвен картон.

Тој од пенал го погоди во главата домашниот голман Печурица, а судиите Трајковски и Вукашиновски по прегледувањето на снимката му доделија црвен картон. Прилепчани се вратија на минус еден во неколку наврати во првото полувреме, но домашните секогаш погодуваа кога требаше и на пауза се замина со 15-12.

По 17-14 на стартот на вториот дел битолчани преку Ивановски и Митревски се одлепи на 20-14 и веќе беше јасно дека бодовите остануваат дома. Колку и да се обидуваше Прилеп да одржува рамнотежа, не успеваше, па Еурофарм Пелистер 2 само рутински ја задржа предноста до крајот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Митревски со седум и Хаџиќ со шест гола, додека осум за Прилеп постигна Органџиев. Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе биде слободен, додека Прилеп му гостува на Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142