Еурофарм Пелистер 2 им даде 41 гол на „витамините“ од Автокоманда

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во рамки од 3. коло од прволигашкото друштво на свој терен славеа против Мулти Есенс со 41:24.

Избраниците на Зарков денешната задача си ја завршија уште во првото полувреме, кое го добија со 23:11.

Вториот дел за домаќините беше само рутинско одработување, додека гостите веќе капитулираа и влегоа во уште поголема криза.

Најефикасен во победничкиот табор беше Ненад Белистојаноски со девет погодоци, седум додаде искусниот Стефан Дрогришки, а шест постигна Мартин Ивановски.

Кај младиот тим од Автокоманда се истакнаа Христијан Ѓурмешевиќ со шест и Теодор Пецановски со пет погодоци.