Еурофарм Пелистер 2 се засили со македонски репрезентативец

Засилувањата со репрезентативно педигре и натаму се цел на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.

Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Јован Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2.

Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој во минатите две сезони настапуваше за Тиквеш од Кавадарци.

Даневски ќе ја засили конкуренцијата на позицијата десно крило и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на крајот од месец јули на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.

Претходно Еурофарм Пелистер 2 се договори и со средниот бек Славчо Шулески.