Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката серија во Првата лига, откако славеа над Аеродром со 41-23.
Битолчани ја запишаа 14 победа во исто толку натпревари и бидејќи во последното коло се слободни, ќе имаат пауза две недели до стартот на плеј-офот.
Избраниците на Александар Зарков уште во првиот дел го решија победникот, кога поведоа со 7-1, а на пауза водеа со 20-13.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа младинските репрезентативци Мирче Калајџиески и Ненад Белистојаноски, додека во составот на Аеродром се истакна Иво Петровски со шест гола.
Аеродром исто така ги заврши настапите во регуларниот дел и во продолжение од сезоната ќе игра во плеј-аутот.