Еурофарм Пелистер 2 преку „витамините“ до битка за Ф4

Еурофарм Пелистер 2 славеше со 28-23 против тимот на „витамините“ од Автокоманда и се пласираше во финалето на групата каде го чека победникот од дуелот меѓу Вардар и Бутел Скопје.

Прволигашот парираше во одреден дел од мечот, но избраниците на Александар Зарков не дозволија изненадување.

На паузата младите пелистерци водеа со 18-11, тимот од Автомоманда намали на минус три во финишот, но немаше време за нешто повеќе.

Најдобри стрелци кај победникот беа Белистојаноски со осум и Шулески со шест, додека Џигероски даде 11 гола за поразената екипа.