Eурофарм Пелистер 2 носи репрезентативец – доаѓа Славчо Шулески!

Продолжува интенцијата на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 да ги носи младинските репрезентативци во својот состав.

Средниот бек на Тиквеш, Славчо Шулески, е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2 и од Кавадарци ќе се пресели во Битола.

Стружанецот доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месец ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш.

Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.