Еурофарм Пелистер 2 не запира – му даде 41 гол на Астраион

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и натаму продолжува без загубен бод во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Астраион со убедливи 41-14.

Домаќините поведоа со 5-1 и 9-2 и јасно беше каков тек ќе има овој натпревар. До паузата избраниците на Александар Зарков обезбедија плус 11, 18-7.

Во второто полувреме одиграа уште подобро постигнаа дури 23 гола, а одбраната беше одлична и им дозволи на гостите само седум погодоци.

Најдобри стрелци во победничкиот гол беа Дамјан Наумовски и Христијан Митревски со по шест гола, додека кај гостите се истакна Христијан Ефтимов со седум погодоци.

Еурофарм Пелистер 2 одамна е во прволигашкиот плеј-оф, а во следното коло гостува кај Јехона, додека Астраион е слободен.