Еурофарм Пелистер 2 на чекор до перфекција

Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 38-22 во заостанатиот натпревар од прволигашкиот плеј-оф. Битолчани сега имаат 25 победи на 25 меча, а им останува уште еден за перфектен скор оваа сезона.

Иако за домаќинот овој меч беше многу важен во битката за второто место и пласман во баражот, сепак не успеа да стигне барем до бод.

Битолчани во првиот дел водеа со девет гола, на паузата беше 19-13, а во вториот дел „лавовите“ намалија на минус три, 22-19.

Сепак немаа сили за комплетен камбек во натпреварот и гостите на крајот славеа убедлив триумф во Ѓорче.

Предводници на тимот на Зарков беа Калајџиески со седум, како и Митревски, Маркоски и Белистојаноски со по шест гола, а кај Македонија ЃП се истакна Костовски со пет погодоци.

Еурофарм Пелистер 2 одамна е сигурно прв на табелата, а сега Македонија Ѓорче Петров и „витамините“ од Автокоманда се на делба на второто место.

Во последното коло, „лавовите“ гостуваат кај Еурофарм Пелистер 2, а „витамините“ играат дома со Драчево.