Екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 го одиграа својот прв контролен натпревар во рамките на зимските подготовки за продолжението на сезоната.
Двата тима, кои сè уште се во трка за пласман во плеј-офот, одиграа возбудлив и изедначен натпревар во Прилеп, кој заврши со победа на битолчани со 24:22.
Средбата послужи како корисна проверка на моменталната форма и тактичките замисли на стручните штабови на Наум Танески и Александар Зарков пред стартот на пролетниот дел од сезоната.
Во тековната сезона, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 веќе се сретнаа двапати во првенството, а во двата наврати победата им припадна на „зелено-белите“ од Битола.
На четири кола до крајот од првиот дел на шампионатот, Еурофарм Пелистер 2 се наоѓа на седмото место со 17 бодови, додека Прилеп е веднаш зад нив со 16 бодови.
























