Еурофарм Пелистер 2 гази се пред себе – постигна 40 гола против Кичево

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката серија во Првата лига откако славеа на гости кај Кичево со 40-13.

Битолчани ја обезбедија победата уште по првото полувреме кога дадоа 22 гола, а примија само пет.

Шанса за настап добија сите ракометари, а во вториот дел немаше никакви возбудувања на теренот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Маркоски со осум гола, како и Белистојаноски и Југовски со по шест погодоци.

Во составот на Кичево се истакна Стефаноски со шест гола. Во следното коло Кичево e слободен, а Еурофарм Пелистер 2 ќе биде домаќин на Астраион.