Тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на европскиот гигант Барселона, а интересот за дуелот беше неверојатен – билетите се распродадоа за само осум минути!
Од битолскиот клуб потврдија дека нема повеќе билети за дуелот кој ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“, која и овојпат ќе биде исполнета до последното место.
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Барселона е закажан за среда (15 октомври) со почеток во 20:45 часот.
Судии ќе бидат Турците Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат на мечот е Марко Тоси Бранди од Италија.