Еспиња од Вардар не е подготвен, Переира повика нов голман за ЕП

Голманот на Вардар, Мигел Еспиња Фереира, нема да биде дел од репрезентацијата на Португалија на претстојното Европско првенство на кое меѓу ривалите ќе биде и Македонија.

Португалскиот чувар на мрежата нема одиграно ниту еден официјален натпревар оваа сезона, па иако селекторот Пауло Переира се надеваше на неговите услуги особено по повредата на Диого Рема, сепак Еспиња нема да брани.

На местото на Еспиња во националниот тим доби повик голманот на шпанската Куенка, Педро Гашпар, а во комбинација се Густаво Капдевил од Бенфика и Диого Валерио од Олимпијакос.

Португалија пред ЕП ќе игра на турнир во Шпанија, а мечот против Македонија е на 18 јануари во Хернинг.