Куманово со сефте победа во суперлигашкото друштво

Ракометарите на Куманово во натпревар од 4. коло од Супер лигата дојдоа до првата сезонска победа, откако на свој терен беа убедливи против Струга со 35:18.

Натпреварот мина во апсолутна доминација на домаќините, кои одиграа одлично во двете полувремина, а во првиот дел постигнаа 17 голови, а примија девет. Тоа беше  показател каков тек ќе има овој дуел.

Куманово уште од самиот почеток наметна темпо што гостинскиот состав не можеше да го следи. Избраниците на Димковски од минута во минута градеа убава предност и на полувреме заминаа со плус осум, 17:9.

Домаќините во вториот дел продолжија со доминацијата, експресно ја зголемија предноста и како на тренинг ги одработија вторите 30 минути, во кои гостите немаа никакво решение за играта на домашниот тим.

Одлична партија во победничката екипа имаше Бразилецот Винициус со десет погодоци, а го следеше Давид Димевски со три помалку, пет додаде Борјан Цековски.

Во поразениот табор најефикасен беше Немања Џигероски со пет реализаици, четири имаше Ненад Костоски.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД44008
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР33006
3ОХРИД33006
4ВАРДАР 196132014
5ПРОЛЕТ41214
6ТИКВЕШ 201431113
7ПРИЛЕП41123
8БУТЕЛ31022
9КУМАНОВО41032
10СТРУГА41032
11БИСИНОВ Ф. Л.41032
12РАДОВИШ30030