Ернандез: Еурофарм Пелистер има луда публика!

Европскиот првак Магдебург досега има осум победи на осум натпревари во Лигата на шампионите, а следна станица му е Битола.

Еурофарм Пелистер досега собра четири бодови и ја продолжува трката за осминафинале, а пред себе ќе го има „во моментов најдобриот светски тим“.

Голманот Сергеј Ернандез, кој ја игра последната сезона во Магдебург го најави гостувањето во Битола.

„Еурофарм Пелистер има лудa публика и навистина посебна атмосфера во нивната арена. Ќе биде навистина тежок натпревар. Како и секогаш, мора да го дадеме максимумот. Но ако се фокусираме на нас, ќе победиме“, вели Ернандез.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелитер и Магдебург се игра утре од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.