„Ер Охрид“ леташе по терен – „гладијаторите“ супериорно до следна рунда во Купот

Комбинираниот состав на Охрид лесно се справи со Шампион во елиминациското коло од Купот на Македонија.

Охриѓани славеа со убедливи 45-10, а победникот беше решен уште по првиот дел кога домаќините примија само шест погодоци.

Во вториот дел шанса за настап добија оние со помала минутажа, но тоа немаше големо влијание на односите на теренот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа охридските крила Наум Костов со 12 и Никола Ристески со седум гола. Средниот бек Горан Крстевски исто така додаде седум.

Кај Шампион, пет пати стрелаше Ненад Билбилоски.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
29/3, 13:00, Радовиш – Скопје
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ