ЕП младинки: Шпанија по 18 години во финале, со Германија ќе се бори за титулата!

Женските селекции на Германија и Шпанија се финалисти на Европското првенство за младинки што се одржува во Црна Гора.

Шпанките немаа проблеми против Австрија, која се чини дека максимумот го имаше со елиминацијата на Франција во четвртфиналето.

Иако Австријките беа тие што диктираа темпо во првиот дел, водеа и со 7-2, сепак „фуријата“ доминираше во второто полувреме.

Германија и Данска одиграа интересен натпревар, а Германките го скршија данскиот отпор дури во последните десетина минути.

Данска водеше со 27-26, но потоа одбрана, грешки и исклучување од две минути, па контролата ја презема Германија.

Во битката за бронза в недела ќе се соочат Австрија и Данска, а ќе бидат одиграни и уште десет меча за конечен пласман.