Со натпреварите од третото коло, се комплетираше првата фаза на младинското Европско првенство во словенечкиот град Целје.
Македонија за жал и покрај тоа што нема ниту еден пораз, не успеа да се пласира во ТОП 8 и ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место.
Избраниците на Раде Стојановиќ ќе играат против Франција, Полска и Романија во групата И, а дуелите се на 15, 16 и 18 јули.
Покрај селекциите на Австрија, Португалија, Германија и Шпанија, во главната рунда се пласираа и Данска, Норвешка, Шведска и Исланд.
Европско првенство, младинци, 3 коло, резултати:
група А
Австрија – Македонија 20-20
Хрватска – Црна Гора 34-26
група Б
Германија – Португалија 17-21
Србија – Грција 37-21
група Ц
Шпанија – Фарски Острови 36-30
Франција – Швајцарија 35-32
група Д
Унгарија – Норвешка 32-35
Чешка – Романија 32-33
група Е
Данска – Словенија 34-25
Италија – Израел 30-26
група Ф
Шведска – Исланд 33-23
Полска – Украина 36-22
1-8 место:
група Г: Австрија, Португалија, Шпанија, Исланд
група Х: Норвешка, Данска, Шведска, Германија
9-16 место:
група И: Македонија, Франција, Полска, Романија
група Ј: Словенија, Унгарија, Хрватска, Србија
17-24 место:
група К: Црна Гора, Грција, Швајцарија, Италија
група Л: Чешка, Израел, Украина, Фарски Острови