Денеска со 12 натпревари се комплетира второто коло од групната фаза на Европското првенство за младинци во словенечкиот град Целје.
Во групата А, Македонија и Австрија ќе се борат за првото место во групата, додека ист ќе биде случајот со Португалија и Германија во групата Б, кои забележаа по две победи досега. Србија, која беше бронзена на претходното ЕП, сега има два порази и ќе се бори за третото место во групата со Грција.
Во групата Ц, Франција по поразот од Шпанија славеше тежок триумф над Фарски Острови со 34-31 и се врати во игра, додека Шпанците немаа мака против Швајцарија.
Во групата Д, фаворитите Норвешка и Унгарија ги забележаа вторите победи и меѓусебе ќе се борат за првото место.
Во групата Е, таков е случајот со Данска и Словенија, додека во групата Ф на максимум се Исланд и Шведска, па во овие три групи во последното коло ќе биде решен која селекција ќе оди во главната рунда.
Европско првенство, младинци, 2 коло, резултати:
група А
Македонија – Хрватска 24-24
Австрија – Црна Гора 34-18
група Б
Србија – Португалија 28-32
Грција – Германија 23-39
група Ц
Швајцарија – Шпанија 20-40
Франција – Фарски Острови 34-31
група Д
Чешка – Норвешка 28-36
Романија – Унгарија 26-32
група Е
Израел – Данска 27-37
Италија – Словенија 35-38
група Ф
Украина – Шведска 16-37
Полска – Исланд 32-37