ЕП младинци: Драматично реми меѓу Португалија и Исланд, Словенците лесно ја решија Србија

Денеска започна разигрувањето во главната рунда, како и во оние за пласман од 9-16 место, односно 17-24 место на младинското Европско првенство во Словенија.

Шпанија и Данска немаа никакви проблеми против Австрија, односно Германија, а Норвежаните го добија скандинавското дерби со Шведска.

Најинтересно беше на дуелот меѓу Португалија и Исланд, кој заврши реми, а Португалците промашија пенал во последните секунди.

Во групата на Македонија, Франција без особени проблеми ја надиграа Романија, додека Словенците исто така забележаа лесна победа над Србија.

Eвропско првенство, младинци, резултати:

1 коло, 1-8 место:

група Г
Австрија – Шпанија 26-37
Португалија – Исланд 33-33

група Х
Данска – Германија 33-28
Норвешка – Шведска 37-34

1 коло, 9-16 место:

група И
Македонија – Полска 28-26
Франција – Романија 30-25

група Ј
Словенија – Србија 34-26
Унгарија – Хрватска 28-25

1 коло, 17-24 место: 

група К
Чешка – Украина 36-28
Фарски Острови – Израел 36-29

група Л
Швајцарија – Грција 40-24
Италија – Црна Гора 39-26