ЕП 2026 се уште не е почнато, а од денеска продолжува борбата за ЕП 2028

Иако Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, се уште не е започнато, денеска ќе продолжи борбата за место на ЕП 2028.

Она што почна минатата година со претквалификациската фаза, денеска ќе продолжи со „меѓу фазата“, и три плеј-оф двојки, чии победници ќе обезбедат место меѓу други 29 селекции што ќе се борат низ квалификациите за следниот континентален собир.

Бугарија ќе се соочи во двомеч со Турција (Шумен, 7/1 – Орду, 11/1), Кипар ќе игра со Летонија (Никозија, 7/1 – Полва, 11/1), додека Велика Британија за ривал ја има Летонија (Нотингем, 7/1 – Јелгава, 11/1).

Победниците од овие плеј-оф двојки, ќе им се придружат на 29 селекции што ќе играат квалификации за ЕП 2028, меѓу кои ќе биде и Македонија, која со учеството на ЕП 2026 обезбеди место во квалификациите за ЕП 2028.

Континенталниот собир за две години ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.