ЕМОФ: Нови предизвици за Македонија – кадетките против Швајцарија, кадетите против Шпанија

Денеска се играат натпреварите од второто коло на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

По вчерашните порази од Исланд, односно Хрватска, женската и машката кадетска селекција ќе имаат нови големи предизвици.

Избраничките на Даниела Новеска ќе се соочат со Швајцарија, која во првото коло ја торпедираше Норвешка. Овој меч стартува од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Момците на Горан Кузманоски ќе играат со селекцијата на Шпанија, а овој натпревар ќе се игра од 18:15 часот во СРЦ „Кале“.

Влезот во двете сали е бесплатен, а поддршката од гледачите ќе им биде неопходна на младите ракометари и ракометарки во битката за позитивен резултат.