Некогашниот член на Вардар, Анте Гаџа, по пет сезони се враќа во тимот каде што ги имаше најдобрите партии во кариерата, Нексе Нашице.
Гаџа летоска беше на прагот на потпис со македонскиот првак Еурофарм Пелистер, но до трансфер не дојде, па по кратката пауза се враќа на терените.
Тој ќе биде опција плус во тимот на словенечкиот стратег Бранко Тамше и ќе игра во комбинација со Ловро Јотиќ, Марко Безјак и Ади Коен.
Нексе оваа сезона има големи амбиции и во домашното првенство, каде Загреб ќе им биде сериозен конкурент, како и во Лигата на Европа, каде се пласира во главната рунда.
Покрај за Загреб и Вардар, Гаџа беше дел и од тимот на Ал Нор од Саудиска Арабија.