Ракометната федерација на Русија ги објави резултатите од гласањето за најдобар играч на сезоната 2024/25.
Престижната титула „МВП“ ја доби некогашното десно крило на Вардар, а сега на ЦСКА Москва, Данил Шишкарев.
Искусниот ракометар имаше извонредна сезона во дресот на московскиот клуб, оставајќи силен впечаток и освојувајќи го признанието што минатата година му припадна на неговиот соиграч Јулиан Гирик.
Со ова признание, Шишкарев го потврди својот статус како еден од најдоминантните играчи во руската Супер лига и важна фигура во успехот на ЦСКА.
Русинот кој потекнува од Астрахан, остави длабока трага во тимот на Вардар, каде играше шест сезони и освои две титули во Лигата на шампионите.