Поранешниот ракометар на Вардар, Анте Кудуз, во продолжение од сезоната ќе настапува во Катар.
Хрватскиот лев бек со романски пасош го одигра последниот меч за Динамо Букурешт и според „Про Спорт“ се сели во Ал Рајан.
Тој не добиваше голема минутажа оваа сезона од Давид Дејвис, настапуваше најчесто во домашното првенство, а во ЛШ предност добиваа Лангаро, Гомеш…
Кудуз потекнува од Осијек, играше за Вараждин пред да замине за францускиот Дижон, беше дел од швајцарскиот Винтертур, а од 2018 година го носеше дресот на Динамо Букурешт, со исклучок на полусезоната што ја мина во Вардар во 2021 година.