Екс вардарецот Моралес ќе игра во Асобал лигата

Десниот бек од Куба, Јоел Куни Моралес, во претстојната сезона ќе се пресели во Асобал лигата.

Екс ракометарот на Вардар си замина од израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион и потпиша договор со Уеска.

Таму ќе биде замена за повредениот некогашен член на Струга и Еурофарм Пелистер 2, Мерис Бошњак.

Моралес играше за Порто, Аванка, Мадеира, потоа за француските Иври и Данкерк, а по заминувањето од Вардар една сезона мина во Загреб.