Екс вардарецот Јасухира со нов трансфер

Средниот бек Косуке Јасухира направи трансфер на неколку дена во составот на Ал Араби од Катар.

Јапонскиот плејмејкер ќе се обиде да му помогне на катарскиот тим да го освои трофејот во настапот на Купот на принцот.

Јасухира минатото лето си замина од Вардар и ја прифати богатата понуда од тимот на Бурган од Кувајт.

Таму игра заедно со екс пелистерецот Стипе Мандалиниќ, а пред Вардар, Јасухира беше дел од Висла Плоцк и Ним.