Екс вардарецот Јасухира бара(л) пари за да игра за репрезентацијата!

Новиот селектор на Јапонија, Тони Херона, откри интересни детали околу неиграњето за националниот тим на двајцата најдобри ракометари на СП.

Косуке Јасухира и Шуичи Јошида барале да бидат платени од федерацијата за настапите за репрезентацијата.

„За жал, на СП 2025 ќе сметаме на само на осум играчи што беа дел од ОИ. Јасухира и Јошида бараат пари за настапите за репрезентацијата и не сакаат да играат. Пробав да им објаснам дека е во прашање национален тим, но безуспешно. Млади се, се надевам дека ќе се премислат. Одиме на СП со малку квалитет и малку искуство, но главната фаза е наша цел“, изјави Херона за „Хандбол Планет“.

Јапонија е во група со Шведска, Шпанија и Чиле, па ќе има шанса за прогрес во главната рунда.