Некогашниот тренер на Вардар, а сегашен на шпанскиот Ваљадолид – Давид Писонеро, ќе има паралелна функција во иднина.
Тој стана селектор на машката репрезентација на Израел и ќе ја води низ квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
„Среќен сум што ќе го водам Израел. Ова лично за мене е голем предизвик. Импресиониран сум од израелските ракометари, кои се технички потковани, борбени и амбициозни. Овие нивни квалитети мора да ги користат оптимално за да бидат компетитивни со останатите селекции. Ќе се потрудам да им всадам поголема самодоверба“, вели Писонеро.
Израел ќе биде во група со Полска, Португалија и Романија на патот до пласман на континенталниот собир 2026 година во Шведска, Норвешка и Данска.