Екс тренер на Вардар останува надвор од ракометот – ќе работи во градежна компанија

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Јан Питлик, веќе од минатата сезона не е во ракометните води.

Легендарниот Питлик, кој последниот ангажман го имаше во Саудиска Арабија, ќе работи во градежна компанија во својата татковина.

Питлик ќе биде дел од градежната компанија „АГ Групен“ и таму ќе биде одговорен за регрутирање и обука на персоналот.

Претходно, тој работеше во одделот за човечки ресурси во „Гулдфелт Нилсенс“, компанија за столарство.

57-годишниот Питлик во својата тренерска кариера беше предводник на неколку познати машки и женски клубови.

Покрај тоа што беше дел од женскиот колектив на Вардар, ги предводеше и ГОГ, Есбјерг, Оденсе, Сондерјиске…

Најголемиот успех како селектор го направи кога со женската репрезентација на Данска освои злато на Олимписките игри во 2000 и 2004 година.