Шпанскиот стратег Раул Алонсо добива нов предизвик во својата кариера – првпат ќе се најде во улога на селектор.
По минатата сезона, во која го предводеше македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Алонсо кратко се задржа во германскиот Лајпциг, каде што неговата мисија не ги донесе посакуваните резултати.
Сепак, искусниот тренер брзо пронајде нов ангажман. Во богатото резиме, во кое се запишани клубови како Мешков Брест, Ерланген и Тирол, сега додава и репрезентативен предизвик.
Алонсо е именуван за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Алжир, што ќе биде негово прво искуство на клупата на национален тим.









