Поранешниот член на Струга, Вук Лакичевиќ, во продолжението од сезоната ќе настапува во унгарскиот шампионат.
Црногорецот, кој на почетокот на тековната сезона се врати во својата татковина и потпиша за Ловќен, ќе биде новиот играч во редовите на ПЛЕР Будимпешта.
Десниот бек во клубот од Будимпешта ќе настапува заедно со неговиот сонародник и екс ракометар на Металург, Божо Анѓелиќ.
22-годишниот ракометар и раководството на ПЛЕР Будимпешта се договорија на соработка, која ќе биде со важност од две и пол години.
За Лакичевиќ трансферот во Унгарија ќе биде третиот интернационален предизвик, по оној во Струга и Сент Гален.
ПЛЕР Будимпешта се бори да го сочува суперлигашкиот статус и за за остварување на целта ќе треба да го даде максимумот во продолжението од сезоната.