Екипата на Црвена Ѕвезда полека го комплетира ростерот за новата натпреварувачка сезона, во која главната цел на клубот ќе биде пласман во плеј-офот и излез на европска сцена.
Ново име во редовите на „црвено-белите“ е поранешниот член на Бутел Скопје, кружниот напаѓач Вељко Давидовиќ, кој со своето стекнатото интернационално искуство се очекува да биде од голема помош за амбициозниот клуб.
Давидовиќ во изминатата сезона настапуваше во српскиот шампионат, ги бранеше боите на Раднички Кругујевац, а одличните настапи беа причина да добие добра понуда од страна на раководството на Црвена Ѕвезда.
Искусниот ракометар на интернационално ниво, освен за Бутел Скопје, играше и за полскиот Вибжеже Гдањск, шпанските Бидасоа Ирун и Ланцароте и израелскиот Нес Зиона.
Во Србија го носеше дресот на Младост, Чачак, Пролетар, Слога Пожега, Нови Пазар…Црвена Ѕвзеда во новата сезона ќе биде предводена од некогашниот репрезентативец на Србија, Марко Кривокапиќ.