Поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Реине Табоада, кој настапува за данскиот суперлигаш Фредериција, повторно одигра одлична партија против скапиот проект на Алборг.
Кубанецот токму со гол во последната секунда на својот тим му донесе победа од 30:29 во натпревар од полуфиналната серија во данскиот шампионат.
Табоада на овој дуел беше стрелец на четири погодоци, додека неговиот колега Мартин Бисгард одигра феноменална партија и во голот на Алборг имаше дури 13 реализации.
Листата на стрелци во екипата на Алборг беше предводена од репрезентативецот на Норвешка, Себастијан Бартхолд со шест погодоци.
Фредериција со освоената победа се избори за мајсторка против Алборг и ќе се обиде да направи уште едно изненадување, со кое би обезбедила пласман во финалето.
Ракометарите на Стефан Мандсен на првиот натпревар од полуфиналната серија забележаа убедлива победа со девет гола разлика, 31:22.
Мајсторката меѓу Фредериција и Алборг е закажана за 28 мај. Победникот за ривал во финалето ќе го има актуелниот бранител на титулата, ГОГ Гудме.
За потсетување, тимот на Фредериција го победи Алборг со 29:28 во регуларниот дел од тековната сезона.
View this post on Instagram