Екс пелистерецот Суси трета сезона ќе остане во Кувајт

Поранешниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Мохамед Суси, и наредната сезона нема да го промени клубот.

Тунижанецот ќе продолжи да игра за Ал Салмија, клуб од Кувајт во кои мина две сезони по заминувањето од Битола.

Суси најголемиот дел од својата кариера го мина во Франција, таму беше дел од екипите на Трембле и Монпелје.

Со екипата на Монпелје три сезони играше во Лигата на шампионите. 30-годишниот ракометар во сезона 2017/18 со Монпелје се радуваше на титула во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Тунис има одиграно над 100 меѓународни натпревари.