Екс пелистерецот се врати во татковината – ќе ги брани боите на ГОГ Гудме

Поранешниот кружен напаѓач на Еурофарм Пелистер, Андреас Нилсен, ова лето се врати во татковината по една сезона играње во странство.

Тој потпиша договор на една сезона со поранешниот првак на Данска, ГОГ Гудме и ќе се обиде да му помогне на тимот во домашните и меѓународните предизвици во Лигата на Европа.

Нилсен минатото лето дојде во Битола, но не успеа да се снајде во системот и на полусезоната замина во шведскиот Онередс.

Таму одигра солидно, но во овој клуб се враќа легендарниот Андреас Нилсон од Веспрем, па Нилсен мораше да побара нов ангажман.

ГОГ Гудме по неуспешната сезона во ЛШ и во данскиот шампионат, ова лето минува низ голема трансформација откако остана без најдобрите ракометари.