Екс македонски репрезентативец продолжува со тренерската работа во Австрија

Некогашниот македонски репрезентативец Ристо Арнаудовски го продолжи договорот со австрискиот тим Барнбах и за наредната сезона.

Минатата сезона Арнаудовски му донесе опстанок во австриската елита, па доби понуда за останување на кормилото.

43-годишниот Македонец кој е роден во Загреб, претходно работеше во машкиот тим Ферлах од Австрија, како и во женскиот тим од Хрватска, Зрињски Чаковец.

Во играчката кариера играше за Загреб, Перутина ПИПО, Босна и Дубрава во Хрватска, а потоа и во неколку австриски екипи.

Тој ја заврши играчката кариера во 2019 година, а беше дел од составот на Македонија на Светското првенство во 2017, кога селектор беше Лино Червар.