По вчерашниот дуел меѓу Хрватска и Македонија, денеска продолжија пријателските натпревари пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Ривалот во групата на ЕП на Хрватска, селекцијата на Грузија, ремизираше со Саудиска Арабија на тестот во Тбилиси, 28-28.
Селекторот Тите Каланадзе на овој дуел се реши да ги изостави Сковребадзе и Арсенашвили, а Орјоникидзе се рехабилитира по повредата.
На теренот доминираше некогашниот играч на Струга, Гиорги Дикаминџија, кој успеа да постигне повеќе од половина голови на Грузија, дури 15!
За Грузија играа уште Кбилашвили (екс Металург), Имнадзе (екс Прилеп), Цинцадзе (екс Прилеп, Охрид), Рустамов (екс Прилеп, Охрид), Гавашелишвили (екс Прилеп), но и Гришикашвили кој е член на Бутел Скопје.


























