Екс играч на Бутел има нов клуб во Шпанија

Поранешниот член на Бутел Скопје, Душан Трифковиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во Шпанија.

Српскиот интернационалец, кој од Македонија направи трансфер во Асобал лигата, потпиша со тимот на Пуерто Сагунто.

Десен бек во својата интернационална кариера настапуваше и за романските Сучеава и Решица, францускиот Нанси, како и за турскиот Беледије.

Во својата татковина беше дел од екипите на Инџија и Војводина, додека во тимот на Бутел Скопје играше во вториот дел од сезона 2020/21.

Од летото, 2021 година, настапува во Шпанија, најпрво беше дел од Торелавега, потоа се пресели во редовите на Атлетико Новас.