Екс голман на Вардар во стручниот штаб на Нексе

Во хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице ќе има промени во стручниот штаб и две познати имиња ќе соработуваат со тренерот Крешо Иванковиќ.

Некогашниот голман на Вардар, Марио Блажевиќ, ќе биде тренер на чуварите на мрежата Морено Цар и Михајло Радовановиќ.

Екс членот на Нексе, Јанко Кевиќ, по краткиот излет во Германија, се враќа во Нашице, каде беше успешен како играч.

Кевиќ, кој како играч беше дел од Нексе Нашице 11 сезони, ќе му биде асистент на првиот тренер Иванковиќ.

Нексе е еден од учесниците на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид што ќе се игра од 19 до 23 август.