Екс голман на Охрид потпиша со Брегенц

Поранешниот член на Охрид, Берин Бркиќ, кој во редовите на „гладијаторите“ помина една сезона, ќе има нов предизвик.

Босанецот на лето повторно ќе се врати во интернационалните води, откако се договори на соработка со австрискиот Брегенц.

Бркиќ токму во Македонија го имаше првото интернационално искуство кога во сезона 2023/24 ги засили редовите на Охрид.

Тогаш покрај езерото пристигна од редовите на Борац Бања Лука, a оваа сезона брани за Слобода Тузла.

Во својата кариера беше дел и од Маглај, додека на репрезентативно ниво ги има минато сите младински селекции.