На Ѓорче Петров ќе му спарингува поранешен европски шампион

Македонскиот шампион Ѓорче Петров продолжува напорно да работи пред настапите на европска сцена, односно во Лигата на Европа. Во ситуација кога нема многу квалитетни натпревари во единственото женско сениорско натпреварување, тимот на Ѓорче Петров е принуден да игра контролни средби со странски екипи.

Избраничките на Симе Симовски моментално се во Подгорица и таму ќе стекнат големо искуство преку заедничкиот тренинг со големиот европски великан Будуќност. Тимот предводен од Бојана Поповиќ исто така нема конкуренција во домашниот шампионат, а години наназад е учесник во ЛШ.

Ѓорчепетровки овој викенд ќе му гостуваат на Вардар во рамки од 3. коло од Женската лига. Во првите две натпревари „лавиците“ дадоа 99 гола, против Шампион 56 и против Деспина 43. Натпреварите од Женската лига се само полесен тренинг за ракометарките на Ѓорче Петров пред двомечот со Хорс во Лигата на Европа.

Победникот од овој двомеч, ќе се судри со францускиот Париз во битка за групната фаза од Лигата на Европа. Првиот натпревар со тимот од Шведска е закажан за 6 октомври, додека реванш дуелот за 13 октомври во  СЦ „Јане Сандански“.

Познати арбитрите за европскиот двомеч на Ѓорче Петров