Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Наталија Дерепаско, стана членка на стручниот штаб на Људмила Бодниева во рускиот шампион ЦСКА Москва.
По ангажманот во тимот на Ростов Дон, Дерепаско се пресели во престолнината и ќе биде асистент тренер на Бодниева.
Некогашниот лев бек на Спартак Киев, Кометал Ѓорче Петров и Крим, ќе има нов тренерски предизвик во кариерата.
Дерепаско откако ја заврши играчката кариера во италијанскиот Банколе, две сезони ја водеше екипата на Љубљана, потоа од 2016 до 2021 година беше асистент тренер во Крим, а една сезона и главен тренер.
Во 2022 ја презема екипата на Феникс во Русија, пред да замине во АГУ Адиф, а минатата сезона соработуваше со Ирина Дибирова и Бранка Јовановиќ во Ростов Дон.